Тајзи и Панчо гости на Шон Пол во Скопје

Добивај вести на Viber

Македонскиот рапер Тајзи ќе го отвори концертот на пејaчот и продуцент од Јамајка, Шон Пол, кој ќе се одржи во четврток,на 23 август, од 20 часот, на стадионот на АРМ во Скопје. По Тајзи, публиката ќе ја загреваат диџеј Шорти Пи и Ијри Скреч.

Шон Пол е една од најактуелните светски ѕвезди во моментов, кој соработува со ѕвезди од калибарот на Бијонсе, Дуа Липа, Сиа, Дејвид Гета. 

Концертот е во состав на неговата летна турнеја. Во скопје, Шон Пол доаѓа со својата комплетна екипа:  бенд, техничка поддршка и неговите познати танчарки. 

„ Ќе имаме сцена со димензии од 40 метри. За потребите на овој концерт на бината ќе биде направена дополнителна конструкција на која ќе бидат сместени тапаните, клавијатурите и диџејот за во предниот дел да има што е можно повеќе простор за танчарките. Ќе има повеќе од 100 светлосни тела и повеќе од квадратни метри лед екрани. За озвучувањето ќе се користи еден од најдобрите звучни системи во светот EAW Anya. Концертот ќе има уште неколку уникатни детали, специфични само за Шон Пол, но тоа нема да го откриеме и ќе го оставиме како изненадување за присутните', велат организаторите, „Фјужн продукција“. 

Во продажба се останати уште ограничен број влезници. Од денес, па се до денот на концертот, во продажба е пуштен уште еден специјален пакет, кој се однесува само на фан питот.