Моден фокус // Коса
Тамара Тодевска повторно ја скрати косата како некогаш: Своја на своето со пикси фризура (ФОТО)
Вчера во скопскиот клуб „Станица 26“, пејачката Тамара Тодевска одржа мини-концерт. Во свој препознатлив енергичен стил, пејачката ја крена публката на нозе, која со еден глас ги пееше нејзините хитови.
Покрај впечатливата креација на блуза со реси и гол грб и асиметрично здолниште во црна боја, која ја истакна совршената фигура на пејачката, она што ја обележа вечерта беше нејзината нова фризура.
Имено станува збор за кратка пикси фризура со шишки, каква слична пејачката носеше пред неколку години, па дури и за нејзината свадба.
Како да ја гледаме Тамара во младоста.... мора да се согласиме дека одлично ѝ прилега оваа промена.
Да се потсетиме како изгледаше Тамара со кратка коса: