Танцов натпревар „Икс денс“ во Скопје
На 17 и на 18 јуни во Македонскиот Народен Театар во Скопје ќе се одржи ИКС ДЕНС 2018, меѓународен натпревар во кореографија. Натпреварот е во недела од 13 часот, а гала концертот во понеделник од 19 часот. За наградата Гран При ќе се борат учесници од Русија, Италија, Велика Британија, Украина, Словенија, Казахстан и Македонија. ИКС ДЕНС го слави танцот во сите форми, од класичен балет, современ танц до шоу денс, фолклор и народно – сценски танци.
Публиката ќе може да ужива во инвентивни кореографии, извонредни изведби и костими. На овој фестивал се натпреваруваат танчари од сите возрасни категории во различни танцови дисциплини.
На најдобриот учесник според меѓународното жири, ќе му биде доделена наградата Гран При, парична награда од 1000 долари и оригинални охридски бисери од семејството Филеви.
Во понеделник, ќе се одржи гала концерт со дел од најубавите настапи од претходниот ден. Влезниците за натпреварот и за Гала концертот се во продажба на билетарата на МНТ по цена од 100 денари.