Култура // Настани
Тања Кочовска влезе пиштол гола во такси, ѝ побараа ситно: Џамбазов раскажа интересна приказна на Златна Бубамара
На Златна Бубамара на популарноста, која вечерва се одржува по 25 пат, Игор Џамбазов раскажа интересна приказна за Тања Кочовска.
„Три часот наутро, скопски таксист завршува со смена, и влегува во такси Тања Кочовска, пиштол гола. На неа нема ни влечки, ни ташна, ни чадор, ништо. Седнува напред, таксистот ја гледа, таа му објаснува: До Влае, трета лево овде. Потоа, таксистот ѝ вели: 147 денари. Немам ништо, му вели Тања. Како немате? Имате нешто поситно, ја прашува тасистот", раскажа Џамбазов, а публиката во А1 арената го поздрави со голем аплауз.
Галеријата и деталите за Златна Бубамара, ќе бидат достапни утре на Женски магазин.
(М.Џ.)