Ташко Грујовски објави албум: Пандемијата си го направи своето но љубовта кон музиката не застанува

Добивај вести на Viber

Ташко Грујовски го објави новиот албум "Долапче" со инструментани песни. Интересно е што овие песни се инспирирани од македонскиот традиционален фолклор. 

Грујовски е еден од нашите најпознати музичари во областа на фолк музиката.Тој е солист на тамбура. 

Музичарот вели дека на албумот се негови авторски дела, темелени во духот на македонската изворна музика, со богата мелодичност и ритмика. 

 -И покрај отежнатите услови за настапи во време на пандемијата, своето време, ѝ го посветив на компонирање и продуцирање на нова музика“, вели музичарот и најавува дека веќе е во подготовка новиот проект на кој ќе бидат гости  познати вокални солисти од македонската естрада. 

Како и сите негови колеги, Ташко едвај чека да им се врати на настапите во живо, кои се најважното нешто за сите музичари. 

 -Пандемијата си го направи своето но љубовта кон музиката не застанува. Ние немаме резервна професија“, ни изјави музичарот.