Таткото на Дуа Липа доаѓа во Скопје оваа недела

Добивај вести на Viber

Во четврток, 29-ти ноември во Скопје почнува официјалната програма на јубилејниот 20-ти ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ, со меѓународната ПИН музичка конференција која во Македонија ќе ги собере најважните луѓе од европската музичка индустрија. Настанот кој годинава се одржува по петти пат, повторно е со бесплатен влез за целата програма. 

А во рамки на програмата, покрај дневните панел-дискусии и можноста за средби, споделување искуства и дружење со над 100 странски делегати, публиката ќе има прилика да погледне и 25 концерти на влијателни македонски изведувачи и значајни претставници на новата европска музичка сцена. ПИН конференцијата почнува во четврток, а ќе се одржува и на 30-ти ноември и 1-ви декември во Младински Културен Центар, Скопје.

Како еден од гостите на панелите ќе го чуеме и таткото на најголемата светска женска ѕвезда во моментов, Дуа Липа, а тоа е Дукаѓин Липа кој е директор на најголемиот фестивал „Сани Хил“ во Косово.




Целосната програма и сите детали за ПИН ќе ги најдете на интернет страницата www.pinconference.mk или www.taksirat.mk .