Тажно и сурово: Д-р Горан објаснува зошто дечињата во Африка имаат подуени стомачиња (ВИДЕО)
Сигурно и вие сте ги забележале сите они мали, слатки дечиња од Африка со подуени стомачиња, а доколку сте се запрашале зошто секое од нив има токму такво стомаче, популарниот д-р Горан Трајковски стручно објасни во што се крие причината, која е навистина тажна и сурова:
- Причината е неухранетост, односно исхрана сиромава со протеини, овие деца освен брашно и вода не виделе ништо друго. Кога имаме недостаток на протеини во крвта, водата излегува од крвните садови и се складира во стомакот, стомакот се полни со вода, а покрај тоа немаат мускулна маса и затоа стомакот попушта.
Овие деца имаат и проблеми со ментален развој, погледенте ги овие тажни ликови...
Храната што ја флраме на дневно ниво во светот е доволно да се нахранат овие деца, парите што ги фрламе на бомби и куршуми се доволни да се нахранат овие деца. Можеби светот достигна бројка до 8 билиони, но колективната свест заостанува - порача доктор Горан.
Д-р Горан открива: Чоколадото нè прави среќни - вистина или мит?