ТЕНКА Е ЛИНИЈАТА МЕЃУ ПОМИНУВАЊЕ НА ОМИКРОН НА НОЗЕ И ПРАВЕЊЕ НА СЕРИОЗНА БРОНХОПНЕВМОНИЈА: Проф. Софијанова со детали за децата заразени со омикрон
На Клиниката за детски болести последниве денови се зачестени и прегледите кај децата од најмала возраст, па и школски деца со симптомите на настинка, течење на ностот, температура, кашлање, но бидејќи оваа здравствена установа не е ковид-центар, ако пртеходно се тестирани за ковид, одат директно во Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле, посочува во разговор за Фактор, дирекорката Аспазија Софијанова.
-Прегледите, сосема слично како и кај возрасните, и кај децата во овој период се зголемени. Оние кои не направиле тестови за ковид ги тестираме тука и ако се позитивни заминуваат во болницата во Козле, бидејќи Клиниката за детски болести не е ковид центар, така што сга бројот во Козле е три пати поголем од тоа што беше. Морам да истакнам дека сега сме во позиција, односно во екот на сезонскиот грип, и истовремено се уште сме во пандемија на корона вирусот, односно во момент кога со невидена брзина се шири варијантата омикрон. Оттука, не се изоставени ни децата, односно и тие заболуваат, особено поради фактот што не се вакцинирани. Тие не беа вакцинирани ниту кога примарна варијанта беше делта, но најмладата популација тогаш не беше таргет, зошто делта го напаѓаше долнореспираторниот тракт, за разлика од омикрон кој се задржува во горните дишни патишта. Така што омикрон, кај децата дава горнореспираторна симптоматологија. Секое „извртување“ на вирусот произлегува од децата кои не се вакцинирани, заради што дел од земјите, Израел, Велика Британија, САД и другите кои можат да си го дозволат тоа, спроведуваат вакцинација и кај најмладата популација, од над пет години. Сигурно е дека клиничките слики се разликуваат кај заразени пациенти кои се вакцинирани и кои не се вакцинирани, значи вакцините сепак дваат одредена заштита, вели проф. Софијанова.
Продолжува на Фактор.мк