ТЕШКО БОЛНА: Конечно се дозна ВИСТИНСКАТА ДИЈАГНОЗА на најтажната принцеза! Еднa работа не е јасно! (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Светските медиуми пишуваат дека Шарлин од Монако има епилепсија. Првиот напад го имала минатото лето, кога започнале нејзините семејни проблеми.

По една година нагодување зошто принцезата Шарлин половина од тоа време била отсутна од дворот, многумина се убедени дека вистинската причина е откриена. Според магазинот „You“, сопругата на принцот Алберт, со кој ги има седумгодишните близнаци Жак и Габриел, боледува од епилепсија. Авторот на написот не наведува точно за кој вид на епилепсија станува збор, но според досегашните симптоми ситуацијата е многу сериозна.

Шарлин досега имала неколку епилептични напади, од кои некои завршиле со губење на свест.

Извор за „You“ потврдил дека ѝ била дијагностицирана епилепсија минатото лето, додека била во родната Јужна Африка, каде била оперирана од синусите. Очигледно е дека и било многу стресно бидејќи неколку недели подоцна ненадејно се онесвестила, па итно била префрлена во болницата во градот Дурбан, каде и била прегледана ѝ и била дијагностицирана епилепсија.

„После таа операција, принцезата мораше строго да мирува. Но, таа не го послуша лекарскиот совет и добила тешка инфекција придружена со висока температура. И тоа беше поттик за епилептичен напад", изјавило блиско лице на принцезата, кое потврдило дека принцезата била многу исплашена од сè.

Таа наводно тешко се помирила со фактот дека ќе мора да зема терапија до крајот на животот за да ја држи болеста под контрола. Уште кога ѝ била откриена болната тајна на принцезата, медиумите се прашуваат зошто дворецот молчеше за тоа и додека сите мислеле дека принцезата имала нервен слом бидејќи не можела да се справи со љубовните врски на Алберт.

Некои претпоставуваат дека принцезата е таа која не сака јавно да се зборува за нејзината болест. А колку пати настрадала поради се, се виде на почетокот на март, кога за прв пат се појави во јавноста по враќањето кај семејството. И покрај тоа што се обидуваше да биде насмеана, сите забележаа дека таа изгледа неодморена и уморна повеќе од кога било досега.