Тијана Дапчевиќ иста како Шарлиз Терон: Пејачката со фризура за смели дами (ФОТО)
Нашата Тијана Дапчевиќ е во трка за претставник на соседна Србија на Евровизија во Италија годинава.
Тијана ќе настапи на второто полуфинале во петок, со песната „Љуби љуби довека“, чиј автор е Леонтина Вукмановиќ.
За потребите на видео записот на песната, покрај голото издание, Тијана ја видовме во неколку „oversized“ сакоа, јака шминка на очи и тренди пикси фризура.
Имено пејачката која е позната по својата кратка коса, овој пат ѝ даде малку шмек залижувајќи ги шишките и следејќи го познатиот моден тренд.
Под фотoграфијата доби многу коментари за поддршка, меѓу кои беше оној на колешката Каролина Гочева, но и на водителката Лила Филиповска која ѝ сугерираше дека наликува на актерката Шарлиз Терон.
- Извини Шарлиз Терон, не те препознав- напиша Лила, а ние се согласуваме дека сличноста е навистина забележлива.