Здравје // Рецепти
Мартини со тиква: Есенски коктел кој треба да им го подготвите на вашите гости
Овој сладок коктел на база на вотка е идеален за поканети и непоканети гости (сезоната на прослави е пред нас), а добриот впечаток што ќе го оставите на нив е загарантиран... На здравје!
Состојки:
-60 мл вотка
-лажица кокосово млеко
-една лажичка шеќерен сируп
-две лажички пире од тиква
-капка екстракт од ванила
-коцкa мраз
Подготовка:
Вотката ставете ја во шејкер, додадете шеќерен сируп, кокосово млеко, пирето од тиква и ванила, па затворете и добро протресете да се соединат сите вкусови. Се цеди во чаша за мартини, се украсува по желба и се служи веднаш.
Фото: freepik