Титов колач- омиленото благо во Југославија: Рецепт за најкремастиот и највкусен десерт
Фото: Printscreen Youtube/ Bokina kuhinja
Многу е кремаст и вкусен, овој стар рецепт ќе ве воодушеви
Кремаст колач по стар рецепт. Беше незаменлив дел од трпезата во Југославија, беше и еден од омилените колачи на Тито, по што и го доби името.
Состојки:
За бисквитот:
4 јајца
200 гр шеќер
1 ванилин шеќер
100 гр мелени ореви или лешници
5 лажици сварено црно кафе - ладно
5 полни лажици брашно
1 прашок за пециво
3 лажици масло
За првиот фил:
400 мл млеко
5 полни лажици брашно
2 жолчки
За вториот фил:
200 гр маргарин
10 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
100 гр стопено чоколадо
3 супени лажици ореви
Фото: Printscreen Youtube/ Bokina kuhinjaПодготовка:
Бисквит: Одделете ги белките од жолчките, а потоа изматете ги белките во цврст „снег“. Во жолчките додадете шеќер, па изматете. Во смесата со жолчките додадете масло, изладено сварено кафе, брашно, прашок за пециво и ореви и измешајте сè додека не се соедини. На крајот можете да ги додадете и белките.
Изматениот бисквит печете го на 180 степени околу 30 минути.
Прв фил: Во млекото додадете ги жолчките и брашното и изматете со миксер. Потоа ставете го на шпорет малку да зоврие за да направите пудинг.
Втор фил: Растопете чоколадо и додадете маргарин. Потоа додадете го шеќерот, ванилиниот шеќер и оревите и сè заедно измешајте.
* Убаво соединете ги двата филови. Врз кората намачкајте богат фил, па посипете со мелени ореви и чоколадо.
Пријатно!
Извор: stil.kurir.rs