Тоа е најлошиот ден од кога дишам: Ме натераа да се омажам на 16 години, сопругот веднаш почна да ме злоупотребува (ВИДЕО)

Ромка од Ирска ја раскажа својата шокантна животна приказна ...

Девојка Ромка секојдневно споделува детали од нејзиниот живот на својот TikTok. Бриџит Вол живее во Ирска и едно утро целиот свет се срушил врз неа ...

Едно утро Бриџит се разбудила и дознала дека нејзиниот брак е веќе договорен, а таа рекла: „Ова ми е најлошиот ден откако дишам“.

- Ме натераа да се омажам, а јас дури и не знаев дека ќе се венчам до денот на венчавката, а камоли кога – го сподели таа утрото кога се разбудила, а големата бела венчаница ја поздравила на креветот.

Бракот, вели таа, пропадна, а поранешниот сопруг започна да ме злоупотребува само две недели по венчавката, но успеала да се разведе од него само седум години подоцна, на 23-годишна возраст.


- Не бев жена, се‘ уште бев дете - раскажа таа во своето видео и објасни зошто некои ромски семејства се‘ уште договараат бракови за своите деца. Причината, вели таа, е тоа што тие не сакаат нивните деца да стапат во брак со друга нација или религија, па затоа претпочитаат да изберат некој од заедницата чие семејство го знаат и што им се допаѓа.

- Ако има помала заедница, се случува да се венчаме едни со други, со роднини, но тоа е реткост денес во Ирска - рече таа и додаде дека во секој случај, девојките мора да го прават она што нивните родители ќе им го кажат.


Фото: freepik

Видео: ТикТок