Томб Раидер вечерва во Cineplexx

Добивај вести на Viber

Анџелина или Алисија, прашање е сега

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на новото продолжение од приказната за Лара Крофт, Томб Раидер

Вечерва во киното Cinplexx ќе биде премиерата „Томб Раидер#, новото продолжение на приказната за Лара Крофт со Алисија Викандер во главната улога, наспроти Анџелина Џоли во 2001 и продолжението во 2003, филм  на чии визуелни ефекти работеше и македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х. Според досегашните реакции меѓу фановите, конечно филм кој е исто толку добар како и играта.

Според Кристијан Даниловски, ко-сопственик на ФХ3Х и извршен продуцент, на овој проект се работело од октомври до јануари оваа година.  „Овој проект ќе биде интересен да се погледне бидејќи Томб Раидер се филмови правени според видео игра, и тоа видео игра која го држи рекордот за најуспешен човечки карактер. Гејмерите се остри критичари кога се прави филм според игра, и овојпат, убаво е да се чуе дека критиките се,  но најдобро е да погледнете и да оцените сами„ изјави Даниловски.