Топол, мек и многу ефикасен: Бојана Баровиќ знае како да го направи зимскиот стајлинг шик и тренди
Капутот на Бојана Баровиќ е одлично искомбиниран, вистинско парче облека доколку сакате да бидете забележани и со стил
Бојана Баровиќ ужива во улогата на мајка на три мали деца, а воедно е и совршен пример за мајка која може да направи и да постигне сѐ.
Така таа пред неколку дена ги однесе децата во новоотворената „Зимска бајка“ во Белград, каде семејно уживаа, а капутот на Бојана Баровиќ ги украде погледите на сите присутни.
Бидејќи е постојано во движење, поради тоа што најмладата ќерка Ангелина е во фаза на проодување, на поранешната манекенка ѝ е многу важно да носи удобна гардероба.
Токму таков стајлинг избра за нејзината утринска прошетка со Леона, Симеон и најмладата наследничка.
Моделот за кој се одлучи е крем долг капут изработен од мека чоја, кој е многу удобен за носење и што е уште поважно, многу топол. Необичниот крој веднаш го забележаа сите.
Со овој перфектен капут на Бојана Баровиќ одлично искомбинира прекрасна крем чанта и ролка во иста боја. Таа ја држеше својата ќерка Ангелина, која исто така беше облечена по најнова мода.