Традиција за Водици: Замислете си желба и подгответе го овој ручек

За денешниот празник, Богојавление или Водици, обичаите велат дека треба да си замислиме желба. Во старо време се варувало дека желбите за целото семејство ги замислува домаќниката, рано наутро, додека останатите во домот уште спијат. Уште една традиција која се негува е подготовката на познатиот специјалитет, пача или пифтија.

Пачата се јаде и на Водици, но и утре, на празникот свети Јован Крстител. Овој едноставен рецепт ќе ви помогне побрзо да ја подготвите. 

Состојки:

- Три суви и три свежи свински нозе

- Два пара свински уши

- Една свинска коленица

- Една телшка нога

- Бибер, сол и четири чешниња лук

Подготовка:

За време на варењето, збирајте ја маснотијата и пената која се собира на површината. Дека пачата е добро сварена ќе знаете така што ќе видите дека месото самото се двои од коските, а течноста станува леплива. Тогаш тргнете го тенџерето од оган и оставете го на страна да се олади. Ако масата и понатаму се собира на површината, тргнете ја. 

Оладената смеса процедете ја низ густо сито, а месото и коските оставете ги на страна и исечкајте ги на парчиња со големина по желба. Месото распоредете го во длабоки чинии. Одозгора исечкајте лук и во секоја чинија налејте ја процедената течност. 

Така подготвената пача оставете ја надвор или во фрижидер да се олади. За време на сервирањето, додадете црвен пипер.

Фото: Pinterest.com / freepik.com