Традиционално, по 17-ти пат: Скопјани вечерва ќе уживаат во богатата програма на „Бела ноќ“

Добивај вести на Viber

Традиционално, по седумнаесетти пат, вечерва се одржува „Бела ноќ“, а граѓаните ќе може да уживаат во богатата програма на 13 локации низ Скопје.

Како што најавуваат организаторите, многубројните уметници кои ќе се претстават со концерти, изложби, кино проекции и други културни перформанси и ќе го претворат Скопје во центар на културните случувања во државата.

Официјалната програма ќе започне вечерва во 19 часот и ќе трае сѐ до полноќ, а поради состојбата со коронавирусот, работното време на локалите ќе остане исто, односно нема да работат во текот на целата ноќ.

Дел од програмата е концерт на Фолтин - Eye Cue во Куршумли Ан, концерт ПМГ Рекордингс Фестивал 11 во МКЦ Парк, во Паркот на авиончето ќе се одржи концертот „Ритамот на Скопје“ каде ќе настапат Пајак, Дани Димитровска и Камерен оркестар, Ѓоко Таневски и Кристина Арнаудова, во Чифте Амам изложба ќе има Стојан Павлески, ќе има неколку кино проекции низ различни локации, како и твитер награди на Езерце - градски Парк.

Целата програма погледнете ја ОВДЕ

Поради состојбата со пандемијата со Ковид-19, „Бела ноќ“ како и минатата, така и оваа година се одржува една недела порано од предвиденото.

Сите настани ќе се одвиваат според протоколите предвидени од Министерството за здравство, на сите локации ќе биде поставена редарска служба и при влез во локацијата посетителите ќе треба да покажат потврда за вакцинација.