Треба да грешите! Тоа е начин да се стекнете со искуство и мудрост: Црната пантерка- Наоми Кембел

Светската слава ѝ донесе луксуз, многу пари, станови, куќи, има сѐ што ќе посака, но некогаш нeјзиниот живот бил далеку од бајка.Најверојатно многумина не можат да претпостават колку години има оваа позната модна икона и каква инспиративна приказна крие нејзиниот живот

Принцезата на модната писта од деведесеттите години, Наоми Кембел има 50 години,стана мајка токму на таа возраст преку сурогат мајка, но малкумина се осмелуваат да ѝ припишат толку и ќе се согласат дека со годините Црната Пантерка изгледа подобро и подобро.

Црниот бисер во модната индустрија е една од првите црни жени која има постигнато таква завидна кариера во светот на модата и оваа убавина со карибско-кинеско потекло има многу интересна животна приказна.

Родена е во Лондон, Англија на 22 мај 1970 година и пораснала само со нејзината мајка Валерија Морис, таткото ја напуштил мајката на Наоми во четвртиот месец од бременоста. Мајка ѝ била танчарка од Јамајка.

Наоми е првиот црн модел во светот што ја предводеше насловната страница на престижниот моден магазин Vogue.

Нејзиното прво појавување во јавноста беше во спотот за песната на Боб Марли „Is This Love“.

Кога ја започна својата модна кариера, таа имаше едвај 15 години, а со текот на годините беше и пејачка, актерка и авторка. Беше прогласена и за најубава жена во светот. Студирала на лондонската академија за изведувачки уметности.

"Треба да грешите! Тоа е начин да се стекнете со искуство и мудрост. Така функционира светот!" - цитат од Наоми Кембел.