Треба ли да спиеме по два пати на ден?

Добивај вести на Viber

Научниците го разгледуваат ова прашање и се чини дека може да биде корисно за нас да спиеме во текот на денот. 

Истражувачот Роџер Ерих се занимава со темата на сегментиран сон уште во 2001 година. Во своите истражувања тој открива дека во минатото луѓето го делеле сонот на два дела, наречен најчесто прв и втор сон, а додека се будни воделе сосема нормален секојдневен живот.

Тој продлабочува истражувањето и ги гледа навиките и начинот на живот на различни култури надвор од Западниот свет како што се племиња на Нигерија, Централна Америка и Бразил. Тој смета дека дури и денес многу луѓе од овие земји спијат сегментирано.

Електричното светло е една од главните причини за менување на нашите навики за спиење, забележува Ерих.

Во минатото веднаш штом сонцето зајде, луѓето си заминувале дома и спиеле. Сепак, електричната светилка го продолжува нашиот ден и ни дава повеќе време за работа.