Тренд кој на жените им го уништува здравјето: Не знаат дека предизвикува бројни болести, посебно е опасен за најважниот орган
Веројатно никогаш не би ви паднало на памет, ниту би поврзале, но прстените на стапалата се лоши за вашето здравје, а еве како
Прстените на прстите повторно се во тренд, дамите го обожаваат и со задоволство го носат, а не знаат дека овој детаљ за разубавување може да биде многу опасен по здравјето.
Опсежната студија за тоа како носењето прстени на прстите може да влијае на здравјето на луѓето, спроведено во Центарот за акупунктура и ориентална медицина „Gathering Valley“ во Илиноис, открива зошто овој тренд е опасен.
Така, откриено е дека многу тесниот прстен негативно влијае на работата на хипофизата и на функционирањето на мозокот воопшто.
Без разлика на кој прст на стапалото се носи, овој додаток влијае на состојбата на фронталните синуси, ако се носи на вториот прст - на репродуктивната функција, на четвртиот - на работата на оптичкиот нерв, додека малиот прст е директно поврзани со ушниот канал. Долгото носење на прстен на кој било прст (од еден ден до две недели) неизбежно влијае на нервните завршетоци.
Во 2015 година, американските научници Дејвид Калкун и Стивен Новела објавија статија во списанието „Anesthesia & Analgesia“ во која се наведува дека прстените не се препорачуваат за луѓе кои поминуваат многу време на нозе, оние кои се со прекумерна тежина, кои имаат мускулно-скелетни нарушувања, исхемична срцева болест, гастритис и чиреви, проблеми со видот или страдање од ментална и психолошка зависност.
Моден тренд кој е прифатен во целиот свет, на пример во Индија, има посебно значење. Веднаш по венчавката, сопругот става прстен на вториот прст на жената за да ги „стимулира“ нејзините репродуктивни органи. Меѓутоа, „стискањето“ на нервните завршетоци на овој прст може да предизвика непоправлива штета на жената која штотуку планира да стане мајка. Дополнително, доколку се премногу тесни или со неправилен облик (што анатомски не одговара на прстот), може да предизвикаат и болна менструација, неправилни циклуси, па дури и спонтан абортус.
Лекарите предупредуваат дека носењето на овој накит може да предизвика бројни повреди, од скршен прст до појава на испакнатини.