Три едноставни фризури со кои вешто ќе ја сокриете мрсната коса: Ефикасно и брзо
Миењето коса за некои луѓе, особено за оние со долга коса,
може да биде проект со многу напор, а проблемите се јавуваат доколку треба да
блеснеме со таква коса на важен собир или интервју за работа.
Но, стилистите велат дека секој проблем може да се реши, дури и валканата коса. Изберете едноставни фризури кои ќе изгледаат свежо и ќе овозможат вашата коса да изгледа чисто и уредно.
CityLIfestyle носи три од најпопуларните фризури кои ќе ви помогнат да ја сокриете нечистата коса.
Ставете масивно венче
Доколку сте ги пропуштиле, масивните венчиња за коса се појавија во модниот свет и стануваат сè попопуларни. Иако многумина ги сакаат затоа што иконската Блер Валдорф прва воведе вакви венчиња за коса, тие се брз и лесен начин да ја поправите фризурата која изгледа безнадежна. Испрскајте малку сув шампон, исчеткајте ја косата и ставете масивно венче за коса.
Фризура Аријана Гранде (Високо опавче)
Аријана го носи опавчето многу високо. Овој стил го олеснува измазнувањето на косата и прави да изгледате како да вложувате многу труд на вашата коса.
А всушност, можете да го направите тоа многу едноставно - повлечете ја косата во високо опавче. Ставете спреј сув шампон по потреба или текстурирачки спреј и измазнете ја фризурата.
Опашка настрана
Коњско опавче на страна е сигурен начин да изгледате како најстилската жена во собата, дури и ако имате најмрсна коса. Но, никој нема да дознае.
Сè што ви треба за оваа фризура е ластиче за коса, неколку црни шноли и четка. Поделете ја косата длабоко на едната страна и измазнете сè со четка. Ако имате кадрава коса, скротете ја со гел или пена.
Соберете ја косата на едната страна во ниско опавче оставајќи прамен напред. Откако ќе го врзете опавчето, земете го делот напред и прицврстете го со црни шноли.
Фото: pinterest/unsplajs/Youtube - screenshoot
Новата година ја почнаа со нова фризура: Три наши инфлуенсерки направија одлични промени