Три години затвор за возачот кој ја усмрти Викторија Николова кај Сити Мол

Јордан Ѓорѓиев, возачот кој ја усмрти Викторија Николова кај Скопје Сити Мол, доби затворска казна од три години, одреди Кривичниот суд во денешната одлука. Олеснителна околност за него е дека го признал делото, изртазил каење и бил млад со 23 години, како и дека не бил осудуван до сега и дека се уште е студент.

Возачот беше обвинет за тешки тела против безбедноста и имотот од сообраќајот, а претходно ја призна вината.

Осуден е како виновен затоа што на 20.01.2022 кога управувал Циторен Ц4 со возилото се движел по средната сообраќајна лента и кога дошол на раскрсницата на која имало семафор кој работел со трепкаво жилто светло и бил исклучен од програм, не ја приспособил брзината.

Детали, читајте на Фактор тука.

„Се чувствувам виновен, многу се каам“: Возачот кој ја прегази Викторија кај „Сити Мол“ призна вина

По ударот, истрчав да ѝ пружам помош на Викторија, го довикував нејзиното име, но, не реагираше – Леонид Даов за несреќата на пешачкиот премин кај Сити мол, во која животот го загуби неговата девојка