„Се чувствувам виновен, многу се каам“: Возачот кој ја прегази Викторија кај „Сити Мол“ призна вина

Јордан Ѓоргиев, возачот кој во сообраќајна несреќа кај Скопје Сити Мол ја усмрти Викторија Николова на пешачки премин, денеска призна вина во Основниот кривичен суд.

„Се чувствувам виновен, многу се каам. Свесно го давам признанието. Никој не ме уценувал. Јасно ми е дека ќе следи санкција, дека ќе ги платам трошоците на постапката, како и имотно правните побарувања“, кажа Ѓоргиев пред судијата Љубинка Башевска.

По ударот, истрчав да ѝ пружам помош на Викторија, го довикував нејзиното име, но, не реагираше – Леонид Даов за несреќата на пешачкиот премин кај Сити мол, во која животот го загуби неговата девојка


Детали читајте на Фактор тука.