Се огласи ќерката на Аркан: Јавно му се обрати на починатиот татко, а потоа ја призна измамата
Ќерката на Аркан си ја отвори душата
Ангела Ражнатовиќ, ќерката на Аркан, излезе јавно и на јавноста ѝ ги откри своите досега необјавени тајни. Имено, таа во јавното обраќање до своите следбеници преку каналот Јутјуб призна дека е неверна, дека измамува, а потоа му се обрати на таткото Аркан.
Имено, ќерката на Аркан, Ангела, ретко се експонира во јавност, а сега го отвори својот канал на Јутјуб каде одговара на бројни прашања, па малку навлезе и во мрачните тајни на својот интимен живот. Таа инаку е во добри односи со децата на Цеца – Анастасија и Вељко Ражнатовиќ.
Некои од видеата што може да се најдат таму се: „Пост и џигер“, „Ѓаволизам и покајание“, „Како функционираат демоните“, „Каква работа да правиме?“, „Го изневерив маж ми, да му кажам ли ?", татко?".
На нејзиниот профил може да се најдат и многу молитви, проповеди на патријарси и свештеници... Да потсетиме, Ангела се појави на роденденот на помалата сестра Анастасија Ражнатовиќ, кога претрча покрај новинарските екипи за да стигне до роденденската девојка и да и честита за нејзиниот роденден.
- Каде си сестро? - Анастасија се израдува штом ја виде, а Ангела и и се фрли во прегратка.
- Среќен роденден, ти посакувам се најдобро! Дека си жива, здрава – и кажа, а нивната срдечна прегратка ја снимила камерата на емисијата „Премиер“.
Ангела е родена во 1980 година. Дипломирала на Богословскиот факултет и објавила стихозбирка.
Своевремено, пред речиси две децении, таа се најде во центарот на медиумското внимание, кога започна романса со Кристијан Голубовиќ, кој го запозна додека издржуваше затворска казна во Грција.
Тогаш се шушкаше дека ќе се венчаат, но венчавката не се одржа. После тоа, Ангела набрзо се повлече, роди ќерка и освен во ретки прилики кога доаѓа да слави со Вељко и Анастасија, практично не се појавува во јавноста.
извор: Стар магазин порталФото: Јутуб принтскрин