Природна убавица ама со минимални естетски зафати: Што променила Меган Маркл на себе (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Секој потег на Меган Маркл е под будното око на јавноста, а покрај нејзиниот интерес за кралски теми, многумина се интересираат што носи, какви фризури сака, сè до тоа како ја одржува својата линија и беспрекорниот тен. 

Всушност, Меган исто така е „пример“ за многу дами кога станува збор за пластична хирургија и точно е дека Меган е убавица, но се чини дека не е сè толку природно како што се мислеше.

Иако никогаш не зборуваше отворено за тоа, обожавателите тврдат дека Меган на почетокот на нејзината кариера изгледала сосема поинаку отколку денес. Со нив се согласија експерти, козметички хирурзи кои веруваат дека Меган правела корекциии на нејзиното лице. 

Имено, тие споредуваа стари и нови фотографии, со цел да откријат што сменила Меган.

- Меган има скоро совршено обликуван нос. Нејзините очи се правилно поставени, а брадата во форма на буквата V е класично убава. Нејзиното лице е во добра форма и е близу до она што Грците го сметаа за совршено - еднаш рече естетскиот хирург Де Силва.


Токму нејзиниот нос се смета дека е правен. На нејзините фотографии од тинејџерските денови, јасно е дека имала подебел и поголем нос. Исто така се верува дека ги коригирала јаболчниците и обликот на вилицата. Додека некои мислат дека разликите се видливи, други сепак мислат дека сè уште изгледа убаво и што е најважно - природно - Меган направи неколку зафати, но умерени. Можете да ја видите разликата, но не е претерана - се наведува во коментари на социјалните мрежи. Секако има и коментари од луѓе кои сметаат дека војвотката не „допрела“ ништо на лицето.

"Како некои луѓе не разбираат дека луѓето се менуваат со возраста. Веднаш, сите мислат дека промените се случуваат само во операционата сала. Срамота" - гласат само некои од коментарите.

извор:pulsonline.rs