Три места во Скопје што мора да ги посетите овој викенд

Добивај вести на Viber

Познато е дека сите едвај го чекаме викендот, секако за барем малку да одмориме од работните обврски и да не размислуваме стресно. Времето во Скопје е доста променливо, или дождови или пеколни температури. Како и да е, доколку се наоѓате во главниот град и се мислите каде да го испиете првото утринско кафе, каде да имате вкусен семеен ручек или пак каде вечер да излезете... ние имаме 3 топ предлози за вас. Локали кои сигурно ви се познати, а можеби и се наоѓаат во листата на ваши омилени.

Менада

Скриено на влезот на Старата скопска чаршија, именувано по бронзената македонска статуа во танцувачка поза пронајдена во Тетово и сместено во препознатлива, стара куќа, „Менада“ е местото каде што ќе уживате во опуштено расположение со квалитетна музика. Без разлика дали станува збор за џез или за алтернативен диџеј во текот на ноќта, ова е место што буди позитивни вибрации. 

- Атмосферата е секогаш пријатна и лабава, пијалокот ладен, а помфритот топол - коментира редовна гостинка на „Менада“.

Комбинацијата од интересен избор на музика, со уметнички настани од време на време и вкусните специјалитети се само дел од редовната понуда на Менада.

Public room

„Public room“ или „Јавна соба“ е еден голем мултифункционален простор кој нуди за секого по нешто. Во менито ќе најдете необични јадења, од појадок до десерт. Исто така тука се и коктелите кои во лето се по многу пристапна цена, услужниот персонал и супер скоцканиот ентериер. „Public room“ е место каде може да се организираат поголеми настани, изложби, промоции, место кое има концептуална продавница, библиотека, работилница за деца и возрасни, простор за деловни состаноци, катче за работна атмосфера.

Програмата во овој урбан локал му овозможува на секој посетител да ужива во опуштена атмосфера или во свирка на популарни бендови и диџеи. „Public room“ е место кое изобилува со можности, креативен потенцијал, програма за сите вкусови и луѓе со позитивен став.

- Донесете го вашиот лаптоп и работете во инспиративна атмосфера - вели една задоволна гостинка.

Portofino Osteria & Bar

Инспираран од Италија, со префинет стил уште на самото отворање пред неколку месеци „Portofino Osteria & Bar“ веќе покажа дека ќе стане омилено место за разни гастрономски искуства.

Со самата локација во центарот на Скопје, во објектот на катната гаража Солунски Конгрес, овој врвно дизајниран ресторан привлече големо внимание кај посетителите.

 „Portofino Osteria & Bar“ е ресторан кој нуди италијанска и медитеранска кујна и место каде може да уживате во глетката додека се гостите со вкусни оброци.


Д.К.