Tри начини да се ослободите од главоболката
При главоболки создадени од стрес, болката се појавува поради грчeви на мускулите на вратот и рамењата, поради што слабее циркулацијата. Причина за тоа можат да бидат и проблеми со ‘рбетот, предолго седење или стоење во иста положба, долг престој во затворен простор, пушење, односно претерана консумација на алкохол.
1. Масажа на третото око
Оваа техника помага при главоболка од замор. Опуштете се и длабоко дишете, па со вашиот прст допрете ја точката помеѓу двете очи. Оваа масажа на „третото око“ ќе помогне вашата главоболка полека но сигурно да исчезне.
2. Помош од исхраната
Постојат главоболки кои можат да се појават и навечер, а можат да бидат проследени со симптом на течење на носот. Меѓутоа лекот за ваков тип на главоболка може да се крие токму во исхраната, па затоа во тие моменти најдобро е да консумирате повеќе вода, јаболка, и бадеми.
3. Визуелизација
Удобно седнете и затворете ги очите, па визуелизирајте ја главоболката - од каков тип и облик е таа. Потоа нагло визуелизирајте ги промените, во зависност од болката која ја чувствувате. Неколку пати длабоко вдишете и кога издишувате секогаш си замислувајте дека преку вашата уста ја испуштате болката.