ТРИ ПРИЧИНИ ЗОШТО ДА СЛУШАТЕ ДОБРА МУЗИКА

Добивај вести на Viber

Музиката отсекогаш играла значајна улога во човековата култура. Таа е значаен елемент во конституирањето на урбаниот простор и дел од урбаниот пејзаж кој се менува. Луѓето на неа реагираат на универзален начин.

Слушањето музика има многу предности, како за здравјето, така и за  расположението. Резултатите од различните истражувања покажуваат дека музиката го активира секој познат дел од мозокот. Не сите слушаат иста музика, меѓутоа, видот на музика што ја слушате може да има одредени предности.

Еве три причини зошто да слушате добра музика:

1. Музиката нè прави посреќни и посмирени

Научно е докажано дека слушањето музика, исто како јадењето или спиењето, го поттикнува мозок да ослободува допамин. Допаминот е неврохемиска супстанца која често ја нарекуваат „хормон на задоволство“, бидејќи е поврзана со задоволување на желбите. Исто така, музикатапомага за намалување на анксиозноста и болката. Пример за ова се хирурзите, кои слушаат музика додека ги извршуваат своите операции. Тоа ги правипосмирени, но во исто време им помага и за релаксирање на пациентотпри што е потребно да се користат помалку седативи. Покрај тоа, истражувањата покажуваат дека секојдневното слушање музика ја намалува хроничната болка.

2. Ја подобрува концентрацијата и го стимулира мозокот

Музиката се користи како вежба за подобрување на еластичноста на мозокот. Со ова се подобрува когнитивната способност, што е исклучително корисно кај пациенти со болести, како на пример Алцхајмерова болест.Слушањето одредени видови музика помага во подобрување на концентрацијата, што овозможува задржување и полесно процесирање на добиените информации. Бавната музика, пак, помага за намалување на биењето на срцето и забавување на дишењето, со што се намалува крвниот притисок. Помага за намалување на стресот кај луѓе со хипертензија.

3. Помага за полесно совладување на напорот

Совладувањето секаков вид напор, а посебно физички, е многу полесно со музика. Затоа скоро секогаш во салите за вежбање, за време на тренинг, се пушта музика. И тоа скоро секогаш е ист вид музика. Исто така, музиката се користи и како терапија, за подобрување на функционалноста на мускулите. Помага за изразување на чувствата и емоциите без разлика дали се радосни или тажни и поттикнува на танцување со радост.

Нашето секојдневие е исполнето со најразлични видови музика. Изборот за тоа каква музика ќе слушате е само ваш. Доколку сте љубители на добра и квалитетна музика, од 21-ви до 24-ти јуни на улиците низ Скопје имате можност да уживате во настапите во рамки на Skopje Street Music Festival