Трик на искусните домаќинки: Како правилно да ги замрзнете свежите јагоди?
Ако имате повеќе зрели јагоди отколку што можете да искористите, пред да пропаднат, замрзнете ги. Постои лесен начин тие да го задржат својот вкус и сладост, и во таква форма.
Како да замрзнете јагоди?
Кога ќе ги замрзнете правилно, тие ќе ги зачуваат сите хранливи состојки и квалитет, и ќе го задржат нивниот вкус и хранлива вредност. Не заборавајте дека тие ја менуваат бојата, стануваат потемни и нивната текстура е многу помека, така да не треба да очекувате дека ќе имаат иста форма, но сепак има многу рецепти во кои тие можат да се користат во голема мера.
Чекор 1: Подгответе ги јагодите
Изберете јагоди кои се темноцрвени, цврсти и целосно зрели. Внимателно измијте ги и исушете ги. Ставете ги сувите јагоди на специјална хартија.
Предупредување: Не држете ги јагодите долго во вода, бидејќи ги губат хранливите материи и вкусот.
Чекор 2: Замрзнете ги
Јагодите може да се замрзнат цели, половина или издробени, со или без шеќер.
Јагодите кои не се слатки мора прво да се замрзнат на посебна хартија, на лист за печење. За да бидат поблаги, пресечете ги на пола и посипете ги со шеќер. Кога ќе подзамрзнат, секоја јаготка ставете ја во мала кесичка за замрзнувач. Обидете се да оставите колку што е можно поголем воздух во кесата, така што јагодите нема да се залепат една со друга.