Трудна по четврти пат, откако пред две години го изгуби синчето: Криси Тајген и Џон Леџенд го чекаат третото бебе (ФОТО)

Пред две години го загуби синот, доживеа јавен линч и стана најомразената жена во Холивуд - Криси Тајген е повторно трудна - бебето на виножитото е на пат.

Славниот пар Криси и Џон Леџенд, го очекуваат третото дете.

Вестите за новото бебе доаѓаат откако Криси Тајген и Џон Леџенд го загубија синот Џек во 2020 година, а сега бебето кое е на пат е „бебе на виножито“.

Прочитајте што е бебе на виножитото

Познатата манекенка и ТВ ѕвезда Криси Тајген (37) среќната вест ја објави синоќа на Инстаграм, каде објави фотографија на која го покажува трудничкиот стомак во Гучи облека.

„Изминатите неколку години во најмала рака беа мрачни, но радоста повторно го исполни нашиот дом и срца“, напиша Криси, која со сопругот Џон Леџенд ги има ќерката Луна (6) и синот Мајлс (4).


Ѕвездата откри дека долго време го одложувала објавувањето дека е повторно бремена.„По секој преглед велев: „Во ред, ако е здраво денес, ќе објавам“, и дишам воздишка од олеснување секогаш кога ќе го слушнам чукањето на срцето и тогаш сфаќам дека сè уште сум премногу нервозна за да споделам со јавноста“.


Сепак таа сега се одлучи да ја сподели оваа прекрасна вест и истакна дека сега се е совршено и дека е полна со надеж.

Криси и Џон последен пат беа видени во јавност во мај во Египет каде беа со своите деца. 


Нејзиниот мал стомак во тоа време не се забележуваше. Таа во февруари на социјалните мрежи објави дека минува низ процес на ин витро оплодување, истакнувајќи дека целта ѝ е да зачува што повеќе здрави јајце клетки и на тој начин да добие здрави ембриони.

Идната мајка на три деца доби бројни честитки од познатите - од Ирина Шајк до Кејт Бекинсејл.
Инаку Криси важеше за една од омилените ѕвезди, а потоа доживеа јавен линч и се повлече од јавниот живот во 2021 година, откако беа обелоденети нејзините твитови од 2011 година во кои на тогаш 16-годишната старлета Кортни Стоден ѝ порача дека „треба да се убие“, исто така беше осудувана и поради објавување на фотки од болницата откако го изгубија бебето.

(ФОТО) Ги извади силиконите и прослави со торта: „Почивајте во мир гради“

извоp:zena.blic