(ФОТО) Ги извади силиконите и прослави со торта: „Почивајте во мир гради“

Добивај вести на Viber

Поранешниот модел со години се бореше и јавно зборуваше за нејзините опуштени гради, по раѓањето на две деца.

Сопругата на славниот пејач Џон Леџенд (41), Криси Тајген (34) неодамна реши да ги отстрани силиконите од градите, па на забавата за закрепнување доби торта во форма на гради.

Имено, Криси неодамна се пофали на социјалните медиуми дека конечно ќе направи нешто за што сонуваше со години. Кога имала околу 20 години, таа вградила силикони во градите, а сега реши да ги отстрани.

Таа претходно ја испланирала оваа постапка, но кога се решила на овој подвиг, била спречена од пандемијата на вирусот, која одеднаш почна да се шири низ целиот свет, само што ја закажала операцијата, па затоа ја одложила целата постапка до после кризата.

- Тие беа одлични многу години и ја вршеа својата работа, но јас сфатив дека е време да ги тргнам. Не можам да дочекам конечно да можам да го облечам фустанот во моја големина, да спијам на стомакот. Нема повеќе големи гради! Јас сепак ќе имам гради, но тоа ќе биде вистинска „торба со маснотии“, а тоа се градите - истакна поранешниот модел пред операцијата.

Со неа се пошегува и нејзината ќерка Луна, која на парче хартија напиша „Чао гради. Забавувај се додека ги вадиш“.

извор:telegraf


(Фото галерија) Вреден 9 милиони долари: Ова е новиот стан на Џон Леџенд и Криси Тајген