(Фото галерија) Вреден 9 милиони долари: Ова е новиот стан на Џон Леџенд и Криси Тајген

Еден од најпопуларните холивудски парови Џон Леџенд и Криси Тајген, купиле голем пентхаус на Менхетен во квартот Нолит за малку повеќе од 9 милиони долари. Зградата во која се наоѓа станот датира уште од средината на 19-тиот век, а тој се наоѓа на самиот врв од кој има прекрасен поглед на Њујорк.

Станот има околу 250 квадратни метри, три спални соби и три купатила, а Џон и Криси ќе живеат во него со своите две деца, Луна и Мајлс, кој се роди пред неколку дена. Ентериерот на овој пентхаус претставува спој на модерни силуети и стари композиции кои како да го опишуваат музичкиот стил на Џон Леџенд..

Погледнете како изгледа овој прекрасен стан.