Туфекчиева за инклузивната изложба „Можам да бидам“: Секој може, попреченоста не треба да биде пречка во остварувањето на своите соништа
Пандемијата од коронавирус стопираше скоро се’ во светот, па и кај нас. Така и оваа изложба која првично била планирана да се промовира на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, чекала на подобри денови, за конечно да се промовира пред неколку дена.
На оваа „онлајн“ инклузивна изложба
се поставени фотографии од деца со пречки во развојот и деца со типичен развој
со кои се испраќа јасна и силна порака: „Секој
може, без оглед на својата попреченост и дека попреченоста не треба да
биде пречка во остварувањето на своите соништа“,
истакнува Анче Туфекчиева која е претседател на здружението „ВЕРА“ и мајка на Верче
која исто така учествува во изложбата.
Анче вели дека со ова изложба сакале да покажат дека и лицата со
попреченост можат се’, доколку општеството им даде можност.
„Ова е втора изложба на фотографии,првата беше во 2016
година кога беа фотографирани само лица со попреченост,сега
сакавме на сликите да се види инклузивноста,
односно да бидат фотографирани лица со типичен развој и лица со попреченост. Од
срце им благодарам на сите родители кои се вклучија несебично во цела кампања и
бевме заедно во се’“, се заблагодарува Туфекчиева.
Таа за Женски магазин откри дека во
кампањата учествуваат околу 50 деца, повеќето од нив биле од Струмица,
но и од други градови како Штип,Радовиш
и Гевгелија.
Туфекчиева ексклузивно за нашиот портал испрати фотограии од снимањето кои досега не биле објавени, истите ќе ги видите во галеријата подолу.
Фотографирањето за изложбата се случувало во февруари, фотографиите требалода бидат достапни за јавноста во месец март, токмуна 21-ви Мартза одбележувањето на Светскиот ден на лицата родени со Даун синдром. Но поради пандемијата се запрел проектот и изложбата била одложена.
Претседателкта на здруежението „ВЕРА“ вели дека не би било фер ако прекрасните фотографии и спомените што тој ден биле направени не се споделеа со јавноста, но и со учесниците кои се најважниот фактор во проектот.
„Фотографирањето се случуваше во фото студио во Струмица и се одвиваше многу брзо, сите лица кои беа дојдени да се фотографираат си ја знаеја својата улога и без проблем уживаа во фотографирањето. Како што би рекла мојата пријателка со која бевме дел од организацијата,дефектологот Наташа Георгива,ја цитирам: „На фотографирањето имаше инклузија на дело“и навистина беше така сите бевме среќни се смеевме и уживавме...едноставно знаевме дека фотографиите ќе бидат прекрасни и ќе успееме да испратиме порака на еден единствен и уникатен начин“, истакнува Анче.
Таа се заблагодари на сите оние кои им побогнале, и со чија помош ги испечатиле фотографиите, кои им ги поклониле на децата за убав спомен од кампањата и од нивното дружење.
Туфекчиева вели дека имале планирано многу активности и проекти за оваа година, но за жал ќе мораат да почекаатза реализација на истите и дружење, затоа што здравјето навистина е поважно од сè друго.„Се надевам што побргу ќе се вратиме во нормала“, завршува Анче.
Н.Миланова