Убавецот од серијата „Сексот и градот“ и во шестата деценија изгледа неверојатно: Поради овие фотографии жените воздивнуваат

Џејсон Луис се прослави со улогата на Смит во серијата „Сексот и градот“, иако не се појавува во новата сезона од популарната серија, фотографиите на актерот кој влезе во шестата деценија од својот живот, се во најмала рака импресивни.

Австралискиот актер и поранешен модел Џејсон Луис (50) мамеше женски воздишки во култната серија „Сексот и градот“ како единствено сериозно момче на Саманта Џонс.


Го видовме и во двата дела од филмот „Сексот и градот“, но како што Ким Катрал, за жал, не се појавува во новата сезона, така и од русокосиот шармер нема ни трага ни глас. Актерот откри дека не добил ниту покана за снимање на новата сезона.

Но и 12 години откако последен пат го видовме во улогата на Смит, Џејсон се‘ уште е во неверојатна форма и изгледа можеби подобро од било кога, но за жал на голем број обожаватели, тој е во среќна врскавеќе шест години со убавата актерка Лиз Гудвин.



Покрај „Сексот и градот“, Џејсон имавме можност да го видиме и во епизодни улоги во сериите „Куќа“, „Вовед во анатомија“, „Како ја запознав мајка ти“, а многумина го видоа и во улогата на  „Аквамен“ која на крајот му припадна на Џејсон Момоа.


Не жали за улогата на згодниот Смит, а вечната популарност на култната серија воопшто не го изненадува.

„Мислам дека првата причина е што во насловот има секс, а освен тоа, е добро напишана и зборува за нешто што сите сме го доживеале, а во исто време е смешно, сензационално и ги забавува гледачите. Во секоја епизода има нешто што допира до твоето срце“, рече актерот за време на интервју за австралиската телевизија.


Фото: Инстаграм

Фото насловна: Youtube - screenshoot - SEX AND THE CITY CLIPS/ Инстаграм - jasonleelewis

Шарлот од „Сексот и градот“ повторно на мета на јавноста: Порано ми велеа дека имам тело како круша, а сега ова...