УКИМ: Вакциналниот пункт до крајот на неделава

Универзитетот „Кирил и Методиј“ денеска информира дека вакциналниот пункт, по претходно одобрување од Министерството за здравство, ќе биде ставен во функција за академската заедница до крајот на неделата.

„Целта на вакциналниот пункт е да се олесни и забрза процесот на вакцинација на студентите и вработените на нашиот Универзитет, со што Универзитетот веќе обезбеди простор и соодветна опрема за таа намена, во Кампусот на општествените науки на приземјето на Економскиот факултет во Скопје, на бул. Гоце Делчев бр.9 В.“, информираат од УКИМ.

Ќе работи секој работен ден, од 8:00 до 14:00 часот. Во него ќе работат обучени лица, двајца доктори и две сестри од Поликлиниката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје . Просторот е снабден со информатичка, како и медицинска опрема согласно постојниот протокол и потребите. 

Вакцините, и друга стручна помош, ќе бидат обезбедени од Министерството за здравство на Република Северна Македонија.