Укинувањето на маските за некои радост, други нема веднаш да ги остават дома: Матичните лекари советуваат-постарите и хронично болните да си ги носат

Добивај вести на Viber

Откако вчера Комисијата за заразни болести препорача укинување на носењто маски во затворен простор, граѓаните имаат поделени мислења. Некои од нив со радост ја пречекаа веста, иако знаат дека за да ги симнат маските пред се на работните места, а потоа и во моловите, театрите, кината, продавниците и така натаму, ќе мора да ја почекаат и одлуката на Владата.

-Да, дефинитивно крајно време е да ги симнеме маските. Верувам дека здравствените власти добро ја проценуваат епидемиолошката состојба во земјава кога станува збор за корона вирусот, и навистина доста ни е веќе носење маски. Оние кои сметаат дека се ранливи, подложни на инфекции, лесно се разболуваат, нека си ги носат. Здравите, младите луѓе, со посилен имунитет не мора да имаат маска. Не е доборо да се живее со години под „стаклено ѕвоно“. Во последниот период се разболеа токму оние кои најмногу се пазеа. Организмот мора да научи да ги препознава инфекциите и да се бори, вели Илија С. од Скопје, професор по физичко образование.

Но, од друга страна пак, има луѓе кои велат дека веднаш не би ги оставиле маските дома. Во затворени простори, како што посочуваат, онаму каде што има циркулација на многу луѓе, ќе продолжат да си ги носта маските.

Подетално, читајте на Фактор тука.