Уморни и тешки нозе. Реален проблем или минлива болка?
Модерниот начин на живеење, прекумерното
седење, работата поврзана со долго стоење, но и слабата физичка активност се причинители за
многу заболувања. Иако и претходно познати, денес овие заболувања се многу
поприсутни и создаваат големи проблеми во секојдневното функционирање.
Па така, во светот, 8 од 10 возрасни лица страдаат од хронична венска болест, најчесто опишана со симптоми или знаци на уморни, тешки, отечени и болни нозе. Хроничната венска болест е позастапена кај жените, но често се појавува и кај мажите.
Многу често, овие симптоми се занемаруваат, и болката се сведува на напорниот и тежок работен ден.
„Ќе ми биде подобро, откако малку ќе ги одморам нозете“, е најчестиот одговор, кој ги држи понастрана од превземање превентивни мерки од можно влошување на состојбата.
Но проблемот не е во напорниот ден.
Проблемот започнува во внатрешноста на вените и често е поврзан со слаба циркулација во долниот дел на нозете предизвикана од промени во венските залистоци и структурни промени во ѕидовите на вените.
Хроничната венска болест, која главно се манифестира со симптоми,е прогресивна болест, предизвикува многу грижи и претставува тип на болест која не се подобрува сама по себе.
Затоа со појавата на симптомите веднаш треба да се делува,за да се спречи натамошниот развој на хроничната венска болест.
Но, што треба да се прави? Од каде да се започне?
Третманот на хроничната венска болест може да се состои од неколку различни стратегии.
Доколку симптомите не се проблематични, фокусот треба да се насочи кон трите основни стратегии: вежбање, подигнување на нозете и еластична компресија.
Во сите фази на хроничната венска болест пациентите можат да земаат веноактивни лекови со диосмин.
Веноактивните лекови вклучуваат биофлавоноиди, кои се земаат перорално. Овие лекови се составен дел од третманот на симптоматската хронична венска болест, особено во раните фази. Тие ја промовираат венската еластичност, ги ублажуваат воспалителните процеси во венските залистоци и ѕидови и ја намалуваат капиларната пропустливост. Биофлавоноидите ја поддржуваат микроциркулацијата и го намалуваат ризикот од појава на едем.
Флебавен е биофлавоноид, погоден за пациенти во која било фаза на хронична венска болест, дури и за лекување на венски улкуси.
Флебавен може да помогне во ублажување на знаците и симптомите на хроничната венска болест, како што се болки во нозете, чувство на тежина во нозете, уморни и немирни нозе, грчеви во нозете, отекување на нозете и видливи промени на кожата. Овој лек содржи добро етаблиран флавоноид (диосмин) којшто ги зајакнува и штити вашите вени одвнатре. Диосминот во Флебавен е микронизиран, што ја зголемува неговата апсорпција, а со тоа ја зголемува и неговата ефикасност.
Како делува Флебавен?
- Го зголемува венскиот тонус
- Ја намалува капиларната пропустливост и отокот
- Ја зголемува отпорноста на капиларите
- Ја намалува вискозноста на крвта – подобра перфузија
- Го подобрува протокот на лимфниот систем
- Ја штити микроциркулацијата од воспалителни процеси.
Значително ги намалува симптомите на хроничната венска болест како што се болки во нозете и чувство на тежина и оток во нозете.
Флебавен е достапен во форма на филм-обложени таблети од 500 mg и 1000 mg, кои може да се земаат еднаш дневно и се достапни по поприфатлива цена.
За повеќе информации и податоци за ФЛЕБАВЕН прочитајте на следниот линк:
ПР објава