Урбана, шик и дрска фризура, намалува години од лицето: Како создадена за модерни жени кои сакаат да се истакнуваат во толпата!

Добивај вести на Viber

Оваа фризура е хит на сезоната! Урбана, шик и дрска, намалува години од лицето и како да е создадена за модерни жени кои сакаат да се истакнуваат во толпата!

Боб фризурата беше неприкосновен владетел на минатата и оваа сезона, а се чини дека лудилото за пократка коса и смела фризура не стивнува... Таканаречениот „лоп“ станува се попопуларен, а станува збор за фризура која е малку пократка од боб, а сепак е подолга од класичните кратки пикси фризури

Актерката Флоренс Пју неодамна се ослободи од долгата, густа коса и „стави“ само „лоп“ фризура, а нејзината промена на имиџот предизвика многу коментари. На некои им се допадна, на некои не, но едно е сигурно - оваа фризура ѝ даде похрабар, погруб израз на лицето, но и ја направи попрепознатлива.


„Лоп“ е дефинитивно дрска, ослободувачка и модерна фризура за која знаеме дека ќе не издвои од толпата, но дали е нослива и практична?

Познатите светски стилисти тврдат дека е така, но стилистот кој ќе ви ја прави оваа фризура навистина мора да биде вешт со ножиците и совршено да ја направи фризурата. Во спротивно, ризикувате да добиете фризура на 12-годишно бунтовно девојче.


„Лоп“ фризурата најмногу одговара на урбани, смели жени, со млад дух, кои инсистираат на лежерен стил и не се грижат за туѓото мислење. Оваа фризура не е ограничена само на една строга форма, таа треба повеќе да потсетува на пикси фризура која пораснала и има доволно слоевитост за да се стилизира на различни начини - разбушавена, исправена, свиткана во мали локни, „wet look“ ...

„Една важна работа што треба да се земе предвид е одржувањето на „лоп“ фризурата. Скратувањето на „лоп“ фризурата бара поредовни посети во салонот за да се одржи обликот на фризурата. Тоа треба да биде на секои шест до осум недели“, советува познат стилист.


„Лоп“ секако го скратува процесот на правење фризура - потребни се само неколку минути за да се измие и обликува, а уште една предност е што со себе носи неверојатна доза на шик и енергија.


Фото: Инстаграм

Сите жени се плашат од вакви трансформации, но кога ќе видите колку прекрасно им стојат, ќе посакате и вие да ја истрижете косата (ФОТО)