(Галерија) Урбаниот бренд Superdry пристигна во Македонија

Добивај вести на Viber

Вчера во Skopje City Mall, се отвори првата монобренд продавница на Superdry во Македонија. Со колекцијата есен/зима 2018 започнува нова модна приказна за Fashion Group, но и за купувачите во Македонија. Отсега тие ќе имаат можност да носат бренд кој е вистински урбан „must have” на европскиот пазар. Superdry станува сè попопуларен меѓу помладата публика, но и познатите личности и инфлуенсери од сферата на музиката, зимските спортови и модата. Дејвид Бекам во 2007 е забележан во кожена јакна Superdry, која се распродава со огромна брзина во количина од 70.000 парчиња.

На отворањето кое беше замислено како релаксирано, летно дружење проследено со музика која ја подготви DJ Irie Scratch, гостите имаа можност да ја погледнат колекцијата, но и да добијат персонализирани маички со исписи по свој избор. 

Овој британски бренд го канализира духот на Јапонија преку исписите на јапонски јазик кои се среќаваат на самото лого и на голем дел од облеката. Облеката наменета за мажи и за жени е релаксирана, лежерна, но во исто време е модерна и актуелна. Освен стандардната колекција на облека и модни додатоци, тука е и колекцијата Superdry Sport  која нуди облека и обувки за вежбање, трчање како и за скијање.

Колекцијата есен/зима 2018, зема ретро елементи и им додава модерен дух, креирајќи трендовска, современа и модерна реинтерпретација. 

Колекцијата на Superdry за есен/зима  2018 претставува  спој на дизајн, квалитет и иновација. Дефинирана од ставот кон животот, а не од возраста таа уште еднаш јасно го истакнува мотото на брендот: Ние ја создаваме облеката, вие ги создавате приказните.