Урнебесна споредба на Бјелогрлиќ и Бред Пит: Еве како изгледа 59-годишен маж на Балканот, а како изгледа во Холивуд!
На Интернет кружи хумористична споредба на актерот Драган Бјелогриќ и Бред Пит, кои и двајцата имаат по 59 години.
Неодамна погледот на многумина од тениското игралиште на Вимблдон се лизгаше меѓу публиката каде актерот Бред Пит го следеше финалето, а коментарите за неговиот младешки изглед на 59-годишна возраст не изостанаа. Сепак, набрзо Интернет заедницата почна да бара возрасен еквивалент на Бред на балканските социјални мрежи.
До фотографијата на Бред е фотографијата на актерот Драган Бјелогрлиќ, кој исто така има 59 години.
„60 години на Балканот и во Холивуд“, стои покрај две фотографии. Оваа хумористична споредба набрзо стана вирална, а стигна и до Бјелогрлиќ, кој ја објави на Инстаграм.
„Гледам ова е хит...“, напиша актерот на Стори на Инстаграм.
Многумина на Балканот, но и во светот се прашуваат која е тајната на Бред?
Потсетуваме, по овие фотографии од Вимблдон, медиумите почнаа да пишуваат дека естетски хирург е одговорен за младешкиот изглед на Бред. Сепак, докторот и директор на Њујоршката дерматолошка група Костас Папагеоргиу изјавил дека верува оти актерот не отишол на естетска хирургија или не ставил ботокс.
„Бред не се обидува да изгледа помладо, тој изгледа како најздравата верзија од себе. Изгледа дека се грижи за кожата на лицето и вратот, дека користи заштита од сонце и на тој начин постигнува еластичност на кожата и нема проблеми со црвенило и воспаленија. Иако би можел да оди на операција за корекција на горните очни капаци, но доволно е паметен да прибегне кон природниот изглед“, вели Папагеоргиу во 2020 година за изгледот на Бред, пренесува Mirror.
Фото: Инстаграм - Драган Бјелогрлиќ/Youtube - screenshoot