Ме привлече неговата смисла за хумор, човечноста и огромното срце: Љубовната приказна на Софија и Јаков Спасов
Се запознале на
Инстаграм, Јаков ѝ пишал прв и веднаш знаеле дека меѓу нив има нешто многу
повеќе од пријателство, па веднаш договориле прв состанок. Софија и Јаков
Спасов уживаат како младенци, бидејќи пред неполни две недели нивната љубов
која трае една година ја крунисаа со брак.
Заедно со најблиските во свој стил во познат скопски локал се заколнаа на вечна љубов и направија уникатна свадбена веселба. Софија, која на јавноста ѝ е позната како снаата на актерот и пејач, Драган Спасов Дац за Женски магазин откри интересни детали за свадбената церемонија, за нејзината навистина уникатна и необична венчаница, но и детали за медениот месец.
Софија која е родена во Скопје, има завршено факултет Бизнис администрација со специјализација во маркетинг и менаџмент, неколку академии за 3D, ui/ux и графички дизајн, мастер на Шефилд Маркетинг, рекламирање и односи со јавност и уште еден мастер Психологија на истиот универзитет. Таа како што ни откри моментално работи на повеќе проекти, во главно маркетинг и дизајн, а е ко-сопственик и на компанија за развивање на софтверски решенија и ко-основач на невладина организација за интеграција на млади од ранлива категорија. За неа, како што ни истакна е многу важен фитнесот и одржувањето на менталното здравје преку цртање, пишување, патување и готвење, а најбитно ѝ било да посвети време на кучето Кара, која е од расата руски териер, на семејството и пред се‘ на нејзиниот сопруг Јаков.
* Раскажете ни ја вашата љубовна приакзна, каде се сретнавте за прв пат, како се запознавте, кој прв започна комуникација, кога почувствувате дека има нешто повеќе од пријателство..?
- Интересно е што со Јаков се запознавме на Инстаграм, он ми пиша прв и од одма договоривме прв “дејт” во едно од моите омилени кафулиња во Скопје. Кратко отпосле отидов на семеен одмор и не престанавме да збориме по цели денови, буквално едвај чекав да се вратам за да се дружиме. Она што нај нај најмногу ме привлече е неговата феномелна смисла за хумор, сите рандом факти за сите можни работи на светот, талентот и љубовта према својата работа и преголемата човечност и огромното срце.
* Како ве побара за жена Јаков?
Многу брзо после тоа почнавме да живееме заедно и буквално се ни тргна баш онака лесно и како што треба. Едноставно тоа беше тоа. Ме запроси скроз во наш стил, си седевме по дома, баравме кој филм да го гледаме и ми кажа “абе, ќе ми бидеш жена” (не во прашална форма) и секако дека не постоеше друг одговор освен да. После тоа си уредивме нов стан, си ја земавме Кара и си започна нашава приказна.
* Колку време се подготвувате за свадбата, гости, детали..?
- Организацијата на свадбата траеше помалку од два месеци и беше навистина убаво искуство заради безграничната поддршка од нашите родители. Уште од почетокот бевме само сигурни дека нема да правиме класична традиционална свадба. Идејата уште од самиот старт беше да биде забава каде што ќе се собереме сите најблиски и ќе си прославиме.
Просторот каде што ја правевме прославата е едно од моите најомилени места каде што поминав голем дел од младоста и кога дознавме дека баш на тој датум е слободно бевме пресреќни.
За целиот аранжман, украсување, организација е заслужна мајка ми, без неа, Весна, Ивана и Марика стварно не знам што би правеле.
За целосната атмосфера, искрено е заслужен Јаков,
изборот на бенд и диџеј се целосно негова заслуга.
Гостите на свадбата беа нашите најблиски пријатели и семејствата, благодарни сме на сите кои можеа да присуствуваат, особено на пријателите кои специјално за нас долетаа од различни земји низ светот.
Место торта, затоа што сакавме да биде забава, а не традиционална свадба, го имавме највкусниот сладолед од чоколадо со солен карамел и бело чоколадо со ‘фстаци.
* Имавте навистина уникатна венчаница, моделот беше целосно ваша желба или и стилистот вмеша прсти?
- Дел од фустанот (горниот дел и тулот) е од познат романски бренд за алтернативна мода, шорцевите и топот ги искомбинирав сама онака како што јас се чувствував во свој стил. Кратко носев штикли ама затоа што знаевме дека нема да престанеме со забава и играње со Јаков решивме да носиме патики, затоа што нели, сепак е наша забава.
* Зошто токму црно-бела венчанца, дали тоа за вас има посебно значење?
- Црно-белата венчаница нема никакво посебно значење, едноставно ми се допаѓаше како сето тоа е усогласено едно со друго. Плус, неколку денови пред забавата решивме со Јаков да бидеме облечени во црно-бела комбинација.
* Што испланиравте за медениот месец?
- Веќе отидовме на меден викенд, еден од најдобрите поклони после забавата, следно на списокот е 7 дневно патување за Исланд, а до крајот на годината имаме уште неколку дестинации планирано кои веројатно нема да ги сметаме како меден месец.
* Каков е како свекор Драган Спасов - Дац?
- Со неговите зборови, јас имам уште еден татко, а тоа е Дац. Гордост и привилегија ми е да сум дел од уште едно семејство кое има толку многу љубов, разбирање и почит.
* Што те мотивира во животот?
- Она што секогаш ме мотивирало и сигурна сум дека ќе ме мотивира е љубовта кон себе и најблиските како и желбата да се биде подобра верзија од себе.
Повеќе фотографии од венчавката погледнете во ГАЛЕРИЈАТА: