Утрински ритуали на познатите: Како изгледа едно утро на Викторија Бекам

Утринското време, кое го имате пред да излезете да се соочите со светот, е најдрагоценото кое го имате во текот на цел ден. Денот ќе ви изгледа онака како што ќе го започнете. Потребно е да се воведе некој вид на рутина и работи кои треба да ги извршите пред да одите на работа/школо/факултет. Продуктивноста која ќе ја пружите тој ден ќе зависи од вашата утринска рутина. Иако можеби тоа ви изгледа како работа на која не треба да давате премногу акцент или знаење, верувајте ни на зборот кога ви велиме дека без основната утринска рутина, никогаш нема да извлечете 100% од својата продуктивност, креативност и амбиции! Поради тоа, така барајќи најоптимално решение за продуктивноста на сите вас, ви го претставуваме утринскиот ритуал на една од  најуспешните жени ширум планетата- Викторија Бекам, како би успеале да ви пренесеме како успешните жени го почнуваат денот и што ги тера да се „нурнат“ во тој креативен ден. 

Утринскиот ритуал на Викторија Бекам  

Првата работа на која оваа позната дизајнерка се посветува веднаш штом ги отвори очите е самата себе. Во првиот половина час, пред да се разбудат децата Викторија се тушира, ја работи вообичаената рутина чистење на лице (тонер, серум и креми) потоа ја средува својата фризура и нокти. Потоа, кога станат децата таа прави појадок, а потоа одговара на мејловите и им се посветува на социјалните мрежи. Доручкува после сите, а нејзиниот појадок се состои од: -дупло еспресо -зелен смути сок (кељ, спанаќ, бобесто овошје, ѓумбир, чиа семенки, и гоџи бобинки) или шолја чист зелен чај -овошна салата. Остатокот од денот го продолжува забрзано, баш како и утрото кое го почнала: состаноци, дизајнирање и добротворна работа.