Утринско кафе со Мери Амбросова: Денот ми почнува хаотично
Денот ми почнува хаотично ако станам заедно со Марта. Се миеме, облекуваме, спремам доручек потоа спремам кафе за мене кое го пијам додека сме надвор или додека правам ручек. Ако станам пред неа тоа е еднаш до два пати неделно тогаш пијам кафе на раат додека таа не стане и заврувам некоја обрска околу Маратоните.
Најголема мотивација ми е Марта. За неа да сум подобра, да сум ѝ добар пример, да има пристоен живот, да заштедиме да имаме со сопругот. Мотивација ми се и маратонките, кога ќе видам трансформации од еден, два маратона кога ќе ми пишат и што сега. Кога ќе дојдам по 5 пат на Маратон. Секогаш гледам да им спремам нешто интересно и различно што не било претходно.
Дневни планови ми се да исчистам, зготвам, снимам за стори, пишам пост, поиграм со Марта, ја прошетам, извежбам, завршам обврска околу маратоните и на крај да прочитам нешто интересно и што ќе ми користи.
Денот ми завршува со тоа што се туширам и го испраќам денот. Вечерата ја поминувам со Марта, а кога е со нас сопругот со сопругот сите заедно. Откако ќе заспие Марта јас дочистувам нешто, ако имам време читам, враќам на пораки и си легнувам.
Повеќе сум за книги, но се поретко имам време да седнам да читам затоа се повеќе слушам аудио книги. А филмови сакам за празници да гледам и тогаш навечер седнуваме сите гледаме филмови. Но сакам да се поента да имаат содржина.