Утринско кафе со Стефанија Несторовска: Ме мотивира да бидам најдобра верзија од себе

Добивај вести на Viber

Зависно од тоа дали е работна недела или викенд – ритуалите за започнување на денот ми се различни, ама она што останува исто е секогаш првото утринско кафе. Го пијам сама, ама секогаш сама. Го сакам мирот и тишината рано наутро и уживам максимално во тој мини ритуал. 

Најмногу ме мотивира да бидам најдобра верзија од себе.

Како ги организирам моите дневни планови и обврските, па зависно дали е работна недела или викенд. Во работна недела прилично исто – работа, вежбање, дома. За викендите обврските ми се главно фокусирани на готвење и нови рецепти, работа на блогот, Инстаграм, кафе со пријателите, можеби некогаш ручек или вечера и ВИНО. Вино обавезно (се смее).


Па, пандемијата влијаеше доста кај мене, како и кај сите други. Требаше да се направат некои адаптации, ама мислам дека веќе помина толку многу време што и ова новово стана веќе нормално. 

Денот секогаш го завршувам со топло какао, некоја грицка или десертче, Нетфликс и Стефан. 

Би сакала да кажам дека  избирам книга пред филм,  ама мора да кажам ФИЛМ или уште подобро – добра серија. 


(Стефанија Несторовска - блогерка и инфлуенсер)