Утринско кафе со Вера Јанковиќ: Ноќта е мојот ден

Добивај вести на Viber

Денот ми почнува доцна попладне, „јер сам тотално другачија од других“. Моќен појадок е мојата формула за успех, само така заслужувам кафе кое секогаш го пијам во мое присуство, со онаа другата во мене. Ќе си изнапраивме муабет со неколку цигарчиња, ми ги отвара очите и за среќа не поставува бош прашања. 

Ме мотивира помислата дека сѐ уште на располагање ми е светот со сите негови убости. Сѐ што заработувам инвестирам во патувања и во останати задоволства. Мора мачно да се работи за да се заработи таа привилегија. Животот е патување, авантура. Кога се мисли на дневни планови и обврски кај мене се мисли на ноќните. Живеам за и со музиката, тоа се настапите и сето она што е дел од таа скапоцена машинерија. Напорни ми се задолженијата од типот на некоја администрација и сето  она што бара работно време од 9 до 5, ама што се мора, морално е, хахаха. 

Денот има задоволство да ме изнагледа само кога сум на патувања. Ноќта е мојот ден. Секој би посакал такво друштво на луѓе кои уживаат со сите сетила низ призмата на моите ретро сетови со кои патуваме низ времето и низ просторот. Музичка машина која крева прашина. Остатокот е секогаш резервиран за мои блиски луѓе со кои си ја делам трпезата и муабетите. Книга, филм и останати заддоволства ми пружа топлото домче, моментот кога доаѓаш исполнет, реализиран и благопријатно потрошен од ноќта-утрото кое ја истурило најубавата музика од ова парче земја. Моето сѐ е петолинието-тоа ми е и книга и филм, незавршена приказна, магија, живот.

Еве ви драги мои сосема поинаква приказна од оние кои сме ги слушале. Вака акумулираат енергија оние кои се грижат за вашето расположение од кое пак зависи исходот на деновите кои доаѓаат. Уживајте