Утринското туширање со ледена вода е половина здравје
Утринскиот туш со ледена вода е најдоброто можно нешто што можете да го правите секој ден за вашето здравје
Едно холандско истражување покажало дека луѓето кои наутро се тушираат со студена вода помалку осуствуваат од работа во споредба со луѓето кои се тушираат со топла вода.
Студијата опфатила повеќе од 3.000 луѓе, но сè уште не е утврдено зошто студената вода го намалува ризикот од болести.
Некои истражувачи мислат дека студената вода може да го „зајакне“ имунолошкиот систем.
Студијата од Чешка покажа дека имунолошкиот систем е зајакнат кај младите мажи кои се занимаваат со спорт и се тушираат во ладна вода три пати неделно, во период од шест недели.
Студената вода го активира симпатичкиот нервен систем, делот од системот кој го контролира и влијае на нашиот одговор „бори се или бегај“. Тоа е автоматска физиолошка реакција на настан кој се доживува како опасен, стресен или застрашувачки.
Кога симпатичкиот дел од нервниот систем се активира со ладна вода, тоа го зголемува нивото на хормонот норадреналин. Овој хормон предизвикува зголемување на отчукувањата на срцето и крвниот притисок кај луѓето кои се тушираат во ладна вода, што пак е поврзано со подобрување на здравјето.
Ладната вода исто така ја подобрува циркулацијата, а некои студии сугерираат дека може да биде корисна и ако сакате да изгубите тежина. Понатаму, студената вода може да има бројни придобивки за менталното здравје. Кога ќе дојде во контакт со лицето или вратот, може да ги подобри функциите на мозокот.
Извор: 6yka.com