Жално: Фотографии од поплавените подрачја во Германија, Белгија, Холандија и Швајцарија

Најмалку 150 лица загинаа во поплавите што ја погодија Западна Европа, соопштија властите, а фотографиите што го обиколија светот ја покажуваат катастрофалната штета што ја претрпеа Германија, Белгија, Холандија и Швајцарија.

На фотографијата направена со дрон се гледаат гробишта по поплавата во градот Бад Ноенахр-Арвилер во Германија. 

Поглед на штетата по поројните поплави во германскиот град Бад Ноенахр-Ахрвајлер - оштетени автомобили и згради. 

Куќи и автомобили се срушија во близина на Ерфштад-Блесем, Германија. 

Германско село по поројните поплави. 

Штета во Пепинстер, Белгија. 

Во Холандија улиците се поплавени. 

Улицата Луцерн во Швајцарија. 

Најмалку 133 лица загинаа во Германија, а браната на реката Рур на запад од таа земја пукна во текот на ноќта. На фотографијата се прикажани сцени во близина на надојдената река Ерфт. 


Фото: EPA-EFE