Ужива во новото поглавје: Камерон Диаз на актерството му кажа збогум засекогаш
Холивудската убавица која ја памтиме од филмовите како што се „Чарлиевите ангели“ и „Сите се луди за Мери“ последен пат глумеше пред четири години. И додека многумина негодуваа како тоа е само краткотраен период во кој Камерон Диаз сака да се проба во мајчинството и да му се посвети на приватниот живот , сега се дозна дека на актерството засекогаш ќе му каже збогум.
Има само 45, би рекле некои, но Камерон смета дека на Холивуд и глумата им даде се што имала па затоа сега оди во пензија.
Кариерата ја почна уште како тинејџерка и од светот на моделинг прејде на малите екрани, а наскоро стана и омилена актерка ширум светот.
На странските медиуми оваа вест им ја открила нејзината долгогодишна пријателка и колешка Селма Блаир велејќи: „Некој ден ручавме, а разговаравме и за можноста враќање на филмскиот сет. Искрено, јас би сакала тоа да се случи, но Камерон, јавно нагласи дека завршила со тоа. Едноставно веќе не сака да снима. Среќна е со тоа како нејзиниот живот изледа во моментов и не знам што би требало да и се понуди за да се врати“.
„Продуценти постојано и праќаат разни понуди и сценарија, но таа воопшто не е заинтересирана. Среќна е вака и ужива во слободното време. Ужива во улогата на домаќинка, а повеќе од се сакаше да стане мајка“, рекол неодамна извор близок до славната актерка за Дејли меил.
Иако во минатото одела со разни холивудски заводници како Џастин Тимберлејк, Џаред Лет и Алекс Родригез, Диаз дури во 39-та година во Маден нашла се што барала
„На некој начин сопругот успеа да ми покаже како е да се биде во однос во кој мажот и жената се еднакви во се. Никогаш не го доживеав тоа претходно и не бев сакана на тој начин. Го гледам секој ден, во него гледам голема инспирација и мислам дека сум вистинска среќничка“, објаснила при една прилика Камерон.