Уживајте во летото со нашето музичко училиште: Интервју со професорките Виолета и Марина, сопственички на „Пијанофорте“
„Пијанофорте“ е музичко училиште кое
постои веќе 19 години. Првата деценија беше исклучиво
училиште за пијано, за подоцна наставата да се прошири на речиси сите
инструменти. Нивниот виолински оркестар во кој свират дечиња е раритет во
државата, а од минатата година е отворен и поп-оддел каде се изучуваи естрадно
пеење. Во „Пијанофорте“ работат еминентни професори, дипломирани музичари,
магистри и доктори на науки. Првпат годинава, нивната настава ќе продолжи да
функционира и во летниот период. За овие активности, но и генерално за
музичкото образование во нашата земја, разговаравме со сопственичките на
училиштето – Виолета Стефановска-Шуковиќ, академски директор и професорка по
пијано и Марина Чадо, професорка по виолина и извршен директор.
* Крајот на учебната година, за учениците истовремено е и олеснување и предизвик. Долгиот распуст може штетно да влијае врз децата, ако во меѓувреме немаат некоја цел, ако не се чувствуваат продуктивно. Затоа Вие одлучивте во рамките на Вашето училиште првпат да профункционира и Летна школа. Какви Ви се очекувањата?
Марина: Има неколку причини зошто се одлучивме на овој потег. Сите знаеме дека распустот е прилично долг и децата, генерално, го губат континуитетот во образованието. Многу родители во текот на целата учебна година прашуваат како и што би можеле да понудиме, за дечињата барем еден дел од летниот распуст да го поминат времето квалитетно. Да добијат нешто што ќе придонесе во нивниот развој. Ние констатираме дека во денешно време децата се прилично зависни од дигиталнитетехнологии. Без разлика дали се основци или средношколци, кога немаат други обврски, тие претежно денот го поминуваат пред таблет, телефон или телевизор. Мислам дека не сме свесни колку младината е променета, колку децата се променети од пред некои 25-30 години кога впрочем јас и Вики почнавме со педагогија.Не сме свесни колку се децата променети во однос на обврските, во однос на дисциплината, во однос на фокусираноста и мотивираноста. Тоа всушност е и најстрашно - децата не се мотивирани.Достапно им е сѐ, лесно доаѓаат до тоа што се бара од нив и не се веќе навикнати да соработуваат и да прават нешто со личен ангажман, поточно не знаатсамите себе да се мотивираат. Музиката го поттикнува тоа кај децата и сметаме дека особено летните школи се добра прилика децата да бидат ставени во некаква активност која нивниот живот не го оптеретува толку многу, но истовремено им дава некаков континуитет.
Марина Чадо: Летните школи се добра прилика децата да бидат ставени во некаква активност
* Кога почнува летната школа и како се замислени часовите? Дали станува збор за класична настава, што ќе биде поразлично во однос на едукацијата?
Виолета: Наставата ќе почне на 17 јуни и ќе трае до 11 јули. Сите заинтересирани може да се пријават на телефонските броеви 078 309 692 и 02 3066 999. Период од четири недели во кои учениците ќе можат да пробаат инструмент. Не секое дете има пробано инструмент. Пијаното им е познат инструмент, но другите инструменти никогаш не ги пробале. Ќе имаат можност да добијат едукација за сите инструменти кои ние ги нудиме во школото. Меѓу другото, ќе има и групни активности. Децата по желба ќе можат да се вклучат во групните часови за пеење, да се комбинираат различни инструменти во еден поголем состав, значи активности кои ќе им ја разбудат креативноста. Ќе ги натераме самите да произведат тон, да произведат музика, да имаат производ..Оваа летна школа дефинитивно е замислена да биде забавна за децата.
Марина: Погрешно е што музичкото образование го ставаме во рамките на секое општо образование. Тоа е пред сѐ многу забавна активност. Децата кога доаѓаат во нашето училиште, немаат чувство дека се навистина во училиште и дека од нив се бара некаква обврска. Самиот чин на совладување на некој инструмент е умствена и физичка работа. Притоа детето е ангажирно,не е оптеретено со когнитивни и нејасни концепти во животот затоа што во нашето образование имаме производ од првиот час.
Виолета Стефановска-Шуковиќ: Ние имаме повисоки цели од тоа децата да научат да свират инструмент
* Зборувајќи за музичкото образование кај нас, дали во меѓувреме се смени перцепцијата за истото? Доколку не се работи за стручно училиште, овој предмет отсекогаш не бил доволно почитуван.
Марина: Музичкото образование е спаднато на многу ниско ниво. А тоа ние можеме да го потврдиме бидејќиимавме работилници во одделенската настава на основните училишта во Скопје. Од шестотини ученици на работилниците, имаше само десетина кои имаа контакт со музички инструментПоентата тука ми е да кажам дека уметничкото образование, вклучувајќи ја и музиката, нема зацелод децата да направи актери, сликари или музичари. Уметничкото, па конкретно и музичкото образование гопроширува нивното креативно размислување.Тоа е додадена вредност во животот на едно дете. За жал ова е доста запоставено во нашето општество.
Виолета: Ние имаме повисоки цели од тоа децата да научат да свират инструмент. Ние целиме нашето општество да сфати колку е тоа важно за еден човек, за едно општество. Еве на пример, статистиките покажале дека свирењето инструмент допринесува кон зголемени мисловни капацитети.
* Вашето училиште постои безмалку две децении. На кои успеси сте особено горди? Обично за нашите талентирани инструменталисти дознаваме дури кога ќе излезат надвор од границите на нашата земја и ќе постигнат некој значаен успех на интернационалната сцена.
Виолета: Ние редовно учествуваме на меѓународни натпревари. Лани во октомври гостувавме во Словенија, одржавме три концерти, два во Љубљана, еден во Словењ Градец. Пред две години освоивме второ место во Белгија, на меѓународен натпревар во Нерпалт, каде што учествуваа 74 оркестри од светот. Имаше учесници од Кина, од Австралија и секако, меѓу нив, и ние,мал оркестар сочинет од мали деца што доаѓаат од мала држава. Гордо ја претставувавме нашата земја, децата одеа со македонско знаме, се стекнаа со ново искуство, а ние сме горди што нашето училиште го овозможува тоа.Нашите ученици учествуваат на меѓународни натпревари и се враќаат како победници со освоени максимален број на бодови. Ова секако е успех за целото училиште.
Марина: Ние настојуваме да работиме професионално и нашето училиште да ги задоволува стандардите кои државата ги пропишува. Ние не работиме по чувство, туку по пропишани стандарди. Меѓутоа, методологиите ни се поинакви и тоа прави огромно задоволство кај децата кога доаѓаат кај нас да свират. Најголемиот број од нив комплетно и успешно го завршуваат музичкото образование и се оспособени да музицираат самостојно.
Виолета: Имаме иновативни методи. Децата ги спојуваме заедно да свират. Спојуваме дете на тапан, на виолина, на гитара, на пијано,и сите заедно настапуваат. Во класичното образование тоа не постои. Поддржуваме и многу општествени акции. Имаме и дечиња со посебни потреби, одиме на концерти, настапуваме за нив.Во секоја активност што е поврзана со едукација на деца и проширување на нивните знаења, ќе не најдете и нас.
* Вклучени сте и во летниот музички камп Скурас во Грција. Што нуди таа програма?
Виолета: Во концептот е предвидена музичка работилница и тоа секој ден. Останатото време е забава, со преку 30 спортови во рамките на кампот Скурас. Како и претходните години и оваа година имаме група која што заминува на 17ти јуни. И сеуште има време да се вклучат сите кои се заинтересирани за такво доживување. За крај би сакала да ги поканам сите кои имаат било каков интерес за музичко образование да дојдат и од прва рака да дознаат повеќе за „Пијанофорте“.
Ѓорге Стојанов