Вака изгледа лута жена: Меган Фокс ладна како камен, без трошка желба да возврати на нежноста на Машин Ган Кели (ВИДЕО)

Меган Фокс и нејзиниот свршеник Машин Ган Кели неодамна се појавија заедно на доделувањето на наградите „Daily Front Row“ во Лос Анџелес, а и двајцата беа ѕвезди на вечерта благодарение на ексцентричните, впечатливи комбинации. Меѓутоа, неодамна се појави видео од овој настан, кое го привлече вниманието на нивната врска.

Имено, камерата сними прилично непријатен момент од музичарот и актерката, во кој тој се обидува да ја прегрне и бакне, додека таа стои со свртен грб, ладна како камен и без трошка желба да возврати на нежноста.

И не само тоа, Меган се тргна за да не може Машин да ја бакне и се оддалечи од него, а на нејзиното лице можат да се забележат десетици емоции, но ниту една позитивна.

Машин Ган Кели на крајот се откажа, но беше очигледно дека не е многу изненаден, а разочарувањето и непријатноста се обиде да ги покрие со смеа.


И покрај овие очигледни „неволји во рајот“, парот подоцна позираше заедно на црвениот тепих, а исто така се држеа за рака во текот на целата вечер.

Очекувано – коментарите за овој призор не престануваат да доаѓааТ:
„Ужасно срамен момент“, „Морав да престанам да го гледам видеото пред крај, ми беше толку непријатно“, „Не можам да ја поднесам непријатноста што ја емитува ова видео“, „Оп, оп, толку многу љубов, кога... види ги...“, „Кога жената има ваков израз на лицето, знајте дека врската не оди во вистинска насока“, „Сега сум убеден дека оваа врска нема да трае“, се само некои од нив.

Но за други заклучокот е едноставен - вака изгледа кога вашата девојка, сопруга, партнерка ќе се налути и не попушта.

Да потсетиме, Меган и Машин се свршија во јануари во Порторико. Машин Ган Кели ја запроси Меган Фокс со посебен прстен, па шокираа со признанието: Пиевме крв еден од друг

Сечија баба имаше по една ваква софа: Меган Фокс прошета во дискутабилна модна комбинација (ФОТО)

Колку би болело некој да ги повлече: Меган Фокс и Машин Ган ги поврзаа ноктите со синџири, јавноста згрозена од глетката